Али Ахмети – Заев нема да биде премиер!

Барајќи го гласот од гостиварци, Али Ахмети лидерот на партијата Демократска унија за интеграција напомена дека му е познато дека кога луѓето одат на гласање добро размислуваат за кого ќе го дадат нивниот глас, но е убеден дека тие ќе гласаат за ДУИ, бидејќи како што рече, за кого да се гласа ако не за ДУИ.

Тој во обраќањето напомена дека се залага за ветинг за функционерите и во општестевниот живот. Тој оцени дека како партија реализирале голем дел од програмата, но никогаш не се двоуми да даде отчет за постигнувањата. Ахмети смета дека има уште многу работи да се направат, како што нагласи, никој подобро тоа не знае да го направи како ДУИ.

Ахмети одговри и на прозивките на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека за ДУИ е најдборо да оди во опозиција и дека нема да имаат премиер.

-Засега останува на мене дали некогаш ќе пишувам мемоари за овие минати 20 години. Но, Зоран Заев претера со изјави и прави нечесна работа. Не е тој што ќе ја однесе ДУИ во опозиција. Тоа го може само една сила, а тоа се тие се гласачите на ДУИ, тое се Албанците на Република Македонија, тоа е гласачкото тело. Но, не и Зоран Заев. Зоран Заев нема да биде премиер. Добро е за нивното здравје да не брзаат и да создаваат проблеми со нас бидејќи не можат да се справат, подвлече Ахмети.