Митовски: Слушале 120.000 телефонски разговори за да се дојде до власт,сега прислушкуваат новинари и политичари

Новинарот Александар Митовски преку статус на Фејсбук пишува дека иако во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името за среќа истиот бил неуспешен.

-Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името. За среќа, референдумот беше неуспешен.Еден од следените сум бил и јас. Ви благодарам. Ме запишавте во историја како борец за Македонија и нејзиното име. И никогаш нема да се откажам од таа борба.
Но, друг ми е муабетот.Иако денес беше најавена прес-конференцијата на Љупчо Палевски на која беа подготвени папки со документи од прислушкувањето да бидат поделени на колеги новинари, имаше само две екипи – нашата и на порталот „Лидер“. И една новинарка од друга редакција.


По завршувањето на пресот, само две редакции решија да побараат моја изјава, на „Алфа“ и на „Нетпрес“. За Палевски претпоставувам никој се уште не се потрудил да му се јави.Не, не ви е Зоран Заев, Сашо Мијалков, Џони, Јовче и редица други виновни што ве/не прислушкуваат. Никој не ви е виновен што живееме во држава во која сопственото убедување е криминал и тероризам. Во држава во која демократското право на самоопределување е право само на оној кој ќе ви се јави по телефон и ќе ви каже како да бидете убедени.Од новинари ќе Ве сведат на држачи на микрофони. Сите нас, цела новинарска фела. Што се однесува до Зоран Заев, немам што да кажам. Воајер со кого треба да се позанимава психопатолог. Слушаше 120.000 телефонски разговори за да дојде до власт. Сега слуша новинари и политичари.


Не може Заев ништо повеќе да зборува. Ни за демократија, ниту за слобода, ниту за институции кои не се злоупотребувале, ниту дека немало прислушкување.
Заев е диктатор, а државата е позаробена од било кога досега.
Или да бидам попрецизен, државата се претвори во терористичка организација. Организација која тероризира народ, пишува Митовски на својот Фејсбук статус.

https://www.facebook.com/MitovskiAleksandar/posts/160916805492048