Тања Каракамишева – Во програмата за Обнова на Македонија Собранието ќе добие нов Деловник и нов закон.

Собранието ќе добие нов Деловник и нов закон.

Ќе се засили одговорноста на пратениците во случај на злоупотреба на нивната позиција како претседатели на работни тела, комисии и слично, во случај на злоупотреба на европското знаменце, во случај на злоупотреба на скратената или итна постапка.

При подготвување на законите задолжително ќе се вклучат експерти од областа! – напиша Каракамишева на својот фејсбук профил.