Sunday, February 5, 2023
рекламно место 1spot_img
домаСПОРТФудбалАлегри проговори како Јувентус го „предаде“, а имал понуда од Реал Мадрид

Алегри проговори како Јувентус го „предаде“, а имал понуда од Реал Мадрид

Масимилијано Алегри после една година пауза изјави дека ги наполнил батериите и дека е спремен ова лето да се врати на тренерската работа.

Минатото лето Јувентус реши да направи промена и се раздели со Алегри иако стратегот имаше уште една година договор со „старата дама“.

Алегри сега за прв пат проговори за тоа како Јувентус го „изневерил“, иако имал понуда од Реал Мадрид.

„Некако се одморив и ги наполнив батериите овој период. Имав доста време да поминам со семејството во Ливорно и навистина се одморив. Сега барам клуб чиј што проект за мене ќе биде најдобар. Но не брзам со враќањето на тренерските задачи. Имав неколку понуди, но не сакав да го прекинувам својот семеен одмор“, истакна Алегри.

Алегри пред две години имал понуда од Реал Мадрид, но ја одбил поради Јувентус.

„Имав понуда од Реал Мадрид пред две години, но ја одбив затоа што имав договор со Јувентус. Не сакав да заминам на таков начин бидејќи бев поврзан со клубот. Сепак, следната сезона ми дадоа отказ“, кажа Италијанецот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани