Ќе отвори ли Рускоска истрага против нарачателите?! Кој го пали светлото, а кој автомобилите?

Мафија владее со Република Македонија. Вчерашните аудио материјали тоа го потврдуваат. Вчера бевме сведоци и ние и целата јавност како член на подземјето Горан Димовски од Битола викан Тушникот, човек најверојатно со сомнително минато, а не академско, кажува јасно и гласно дека добил зелено светло директно од Вице Заев, брат на Зоран Заев кој беше премиер на државата и претседател во моментов на СДСМ, да запали автомобил на некој кој не е член на СДСМ, само и само да го потисне и да му упати порака со закана и не само него, ами ќе ги потиснел и сите други кои што не биле за СДСМ ‘ вака ВМРО-ДПМНЕ денеска ја оцени вчерашната бомба на која можеше да се слушне како со амин на Заеви, пишува Република.мк.

Од 2017 година навака јавноста често слушаше за запалени возила кои никогаш не се откри кој е сторителот. Во аудио бомбата се слушаат два гласа за кои се тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик на СВ Инвест, фирма која се доведуваше во корелација со семејството Заеви и една од добитниците на тендерите во Рек Битола и блиска до Вице Заев и извесен Горан Димовски од Битола викан Тушникот и во која Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

Во следниот текст се дел од возилата кои гореа во последните неколку години.

Повеќе прочитајте на Република