ШОК: Алегри преговара со нов клуб од топ лига

Италијанскиот стратег би можел да изненади со изборот на новиот клуб.

На Масмилијано Алегри му истече договорот со Јувентус и сега е слободен во изборот на новиот клуб. Пред две години го одби Реал, се шпекулираше за ПСЖ, но сопствениците на клубот од Париз сакаат да го задржат Тухел. Мурињо пак е сигурен во Тотенхем, се споменуваше Њукасл со новите сопственици. Сепак, денес се појави изненадувачка вест.

Имено, Алегри преговарал со Борусија Дортмунд. Контактот е воспоставен, Алегри сака да се врати на работа и е спремен во Борусија да прифати и помала плата од договорот кој го имаше со Јувентус.

Италијанецот според информациите е загреан за работата,  Фавр најверојатно во наредните денови ќе го напушти клубот, а Корк верува дека Италијанецот кој знае да оржи мир во соблекувалната и генерално има добар однос со играчите би можел да биде вистинско решение.