Sunday, January 29, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИВремето денеска сончево и топло, попладне дожд и невреме

Времето денеска сончево и топло, попладне дожд и невреме

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во скопската котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени.

Под влијание на понестабилна воздушна маса, од утре следуваат денови кога во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на локално невреме. Нестабилно на повеќе места ќе биде за време на викендот, кога ќе има и намалување на дневната температура.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани