Време е за топол викенд но и за добар рецепт на кафе со вотка

Време е да се опуштите викендов и да пробате нешто ново. Коктел од кафе со вотка е повеќе од класичен коктел. Совршената комбинација од вотка, ликер од кафе и млеко со мирис на ванила е вкус кој може да се сервира во било кое време од годината, а посебно во летниот период.

Потребни состојки:

  • 1 лажица топла вода
  • 1 лажица инстант кафе
  • 1 лажица мед или шеќер или по вкус
  • 70 милилитри вотка
  • 2 до 3 лажици ликер од кафе или рум
  • 2 до 4 лажици млеко по избор
  • 1/4 лажичка екстракт од ванила
  1. Комбинирајте ја топлата вода, инстант кафето и медот во еден сад. Мешајте со миксер за 2 до 3 минути. Можете и без миксер, но тогаш ќе ви треба повеќе време. Треба да добиете мека смеса.
  2. Наполнете една чаша со мраз. Додајте ја вотката, ликерот од кафе и екстракт од ванила. Додајте го млекото и промешајте. Додадете ја смесата од инстант кафето и уживајте.
Постави одговор

Your email address will not be published.