Wednesday, December 6, 2023
домаВЕСТИВМРО-ДПМНЕ - Заев и СДСМ се кластерот кој преку поткупот го причини...

ВМРО-ДПМНЕ – Заев и СДСМ се кластерот кој преку поткупот го причини новиот бран што трае од крајот на мај

Бројот на заразени граѓани од Ковид-19 ќе достигне 10.000, а на Зоран Заев поважно му е да развозува мотоцикли. Неговата партија е кластерот која го причини новиот бран што трае од крајот на мај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека пандемијата само што беше стивната, а Зоран Заев и неговата партија преку систематскиот поткуп на терен во полициски час забрзано ја ширеше заразата.

-Македонија е рекордер во регионот и црна точка во Европа. Со СДСМ на власт ситуацијата би станувала уште полоша. Тие не се справија со првиот бран и им се случи втор бран во сред лето. Евентуален трет бран со СДСМ на власт би имал катастрофални последици за животот и здравјето на граѓаните, но и за економијата. СДСМ не носеше стручни политики, туку политичко профитерски. Граѓаните и стопанството половина година страдаат заради СДСМ, тоа не смее да продолжи, нагласуваат од партијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

последно додадени

последно коментирани