Судството на Заев прави напори да го одложи почетокот на Рекет 2

Судството под палката на Зоран Заев прави сериозни напори за одложување на почетокот на судскиот процес за случајот „Рекет 2“.

Судењето кое требаше да започне во среда, неофицијално дознаваме дека најверојатно ќе биде одложено. Една од причините е стравот кој власта го има од дознавањето на вистината пред изборите. Во случајот вмешани се и функционери од власта Стефан Богоев, Александар Кирацовски, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Меѓу обвинетите во овој случај е и Фросина Ременски. За незаконското работење на невладината Меѓународен сојуз, како претседател на организацијата првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13 за перење пари и измама. За помагање на овие кривични дела, покрај Ременски обвинети се и таткото на Боки 13, Миле Јовановски и соработничките Јасна Мандиќ и Христина Блажевска.

Според Обвинителството од јули 2017 до април следната година, Јовановски како претседател на невладината, измамил двајца бизнисмени, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица, и субвенции од државата.

Тројца обвинети со умисла му помогнале на првообвинетиот во измамата. Две обвинети лица му ставиле средства на располагање – ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на првообвинетиот и на тој начин помагале да ги пушти во оптек иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело Измама и Примање награда за противзаконито посредување. Двајцата измамени бизнисмени биле убедени да исплатат близу 1. 000.000 евра, се вели во соопштенито на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Според обвинението, пратеничката Ременски како третообвинета со својот углед и авторитет го поддржувала Боки 13 на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите.

Имено, во петок треба да продолжи исказот на Јовановски пред обвинителството за тужбите кои ги најави, а во врска со случајот Рекет. По претходните негови искази во Обвинителството, Јовановски и неговиот адвокат истакнаа дека добивале сериозни закани по живот.